Душебаев: Ги критикуваа Алекс и Даниел дека играат за Келце само затоа што сум им татко

371

Полскиот вицепрвак Келце по завршувањето на следната сезона нема да може да смета на браќата Алекс и Даниел Душебаеви.

Двајцата ракометари нема да ја продолжат соработката со полскиот гигант, а по денешната објава, сосема извесно е дека бројни европски клубови ќе се вклучат во трката за нивниот потпис.

Информацијата ја потврди нивниот татко, Талант Душебаев, кој воедно е и предводник на Келце. Во интервју за TVP Sport, тој истакна дека раздвојувањето е неминовно, особено по долгогодишните критики кои ги следеа неговите синови.

„Долго време слушам дека Алекс и Дани играат за Келце само затоа што сум им татко. Беа неправедно критикувани од страна на навивачите, но време е да се разделиме кога ќе им истечат договорите. Сигурен сум дека двајцата лесно ќе најдат нови клубови и ќе продолжат со одлични настапи“, изјави Талант Душебаев за TVP Sport.

Алекс се приклучи на Келце во 2017 година, доаѓајќи од Вардар, а Даниел му се придружи една година подоцна, по трансферот од словенечкиот Целје.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе