„Имав доста понуди, но не можев да го одбијам Прилеп“

130

Амбициозниот тим на Прилеп во следната сезона ќе биде посилен со повремениот македонски репрезентативец Димитар Димитриоски. Левото крило во претходните три сезони беше дел од шпанскиот Ваљадолид и беше меѓу најзаслужните за солидните резултати на клубот во Асобал лигата.

Сега се враќа во мак-ракометот и ќе биде дел од амбициозниот тим на Прилеп, кој има јасна цел – место меѓу најдобрите, односно пласман во плеј-оф фазата.

Димитриоски открива дека брзо постигнал договор со клубот, а главната причина биле амбициите на клубот.

,,Сите знаеме дека македонската лига е многу подобрена за разлика од претходните години, уште пред неколку години, раководството на Прилеп, но и други македонски клубови имаа желба да ме вратат. Се договоривме со Прилеп многу бргу, не можев да ја одбијам понудата. Клубот има високи амбиции, најпрво да се стигне до плеј-офот. Јас сум играч кој што сака предизвици, нови работи…не сака комфор зона, и токму поради тоа го прифатив повикот и понудата на Прилеп, изјави Димитриоски.

Прилепчани во новата сезона ќе бидат предводени од довчерашниот тренер на Струга, Наум Танески.

Целиот разговор со Димитар Димитриоски можете да го погледнете на линкот во продолжение…

(аудио-разговор) ДИМИТРИОСКИ: ЗА ПРЕМИНОТ ОД ШПАНСКИ ВАЉАДОЛИД ВО ПРИЛЕП, ЗА АМБИЦИЈАТА И ПРОЕКТОТ, ЗА УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА…

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT