Новиот тренер на Работнички, Владимир Мирковски, во интервју за „Баскетбол сфера“ изјави дека клубот сезонава ќе настапува само на домашната сцена и нема да игра во АБА2 лигата.
Тој откри дека најтрофејниот македонски клуб шанса ќе му даде и на 15-годишен талент за кој има понуди од странство.
„Сега сакаме да го стабилизираме клубот и следната сезона нема да играме во АБА2 лигата. Направивме план само за домашното првенство. Ќе му дадеме шанса и на едно супер талентирано 15-годишно момче. Сакаме да го фрлиме во оган, има потенцијал и има многу понуди од странство. За втората сезона, ако сè оди добро, планираме да играме или АБА2 лига или Лига на шампиони на ФИБА“, изјави Мирковски.
Целото интервју можете да го прочитате во продолжение…