Андријана Будимир се враќа во татковината и ќе ја предводи ЖРК Војводина

110

Една од легендарните ракометарки на Кометал Ѓорче Петров, Андријана Будимир, одлучи да се врати во својата татковина каде што ќе предводи женска екипа.

Будимир, која е препознатлива по работата со младинските категории, ќе биде новиот тренер на ЖРК Војводина од Нови Сад.

За Будимир ова е прв интернационален предизвик, а својата тренерска кариера ја започна во Академијата на Вардар.

Потоа ги водеше РК и ЖРК Скопје, како и младинските екипи на овие клубови, а ќе остане запаметена како првата дама која со тимот на Скопје ја освои Првата лига во сезона 2020/21.

Освен за Кометал Ѓорче Петров, Будимир во својата играчка кариера беше дел од екипите на Напредак Крушевац, Валенсија и Шлагелсе.

Со Кометал Ѓорче Петров ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезона 2001/02, а со Шлагелсе во сезона 2004/05.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT