Еден од најстарите турнири во Европа, Струшкиот турнир, ова лето ќе го има 53 издание, кое ќе се одржи од 13 до 16 август.
Натпреварите ќе се играат на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“, а организаторот дополнително треба да ги потврди имињата на учесниците, како и комплетниот распоред.
Засега познат е само еден од учесниците, домаќинот Струга, кој секогаш на овој турнир промовира нови надежи на македонскиот ракомет.
На минатото издание, првото место го освои Еурофарм Пелистер, кој во финалето славеше над вечниот ривал Вардар со 29:26.