Неготинскиот „џин“ ќе игра во Битола!

69

Повратникот во Супер лигата, Еурофарм Пелистер 2, денеска го објави новото засилување за претстојната сезона.

Клубот ја следи својата стратегија млади македонски ракометари да го сочинуваат костурот на тимот., па во тој правец денес потпиша договор на четири години со еден од најголемите таленти на својата позиција во нашата земја.

Станува збор за 15-годишниот Илија Илијевски, кој настапува на позицијата десен бек и со битолскиот клуб се обврза на соработка до 2029 година.

Илијевски е висок 202 сантиметри, со огромен простор за напредок. Во Битола доаѓа од неговиот матичен клуб Вардар Неготино.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT