Екс член на Бенфика потпиша за Тиквеш

347

Раководството на Тиквеш, преку социјалните мрежи, ги објави дел од новите засилувања за следната сезона, во која клубот од Кавадарци повторно ќе настапи и на европска сцена, поточно во Европскиот Куп.

Едно од новите засилувања е поранешниот член на Бенфика, Аугусто Аранда, кој во македонскиот суперлигаш доаѓа од Франција, каде што настапуваше во изминатите пет сезони.

Десниот бек е производ на школата од Бенфика, таму ги мина сите младински категории, настапуваше и за сениорскиот тим, а на интернационално ниво, освен во Франција, има настапувано и во Германија и Шпанија.

Арнанда, кој потекнува од Ангола, се очекува да биде големо засилување за тимот предводен од Кристијан Грчевси.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT