Македонската Супер лига, која според многу познавачи на ракометот важи за најквалитетна на Балканот, веќе со години претставува отскочна даска за млади интернационалци.
Во периодот кога повеќето клубови ги комплетираат ростерите за новата натпреварувачка сезона, петтопласираниот тим од минатата сезона – Тиквеш полека започна да ги објавува новите засилувања.
Едно од нив е репрезентативецот на Грузија, Гиорги Гришикашвили, кој игра на позицијата кружен напаѓач.
Интересно е што неговиот помлад брат, Давид Гришикашвили, исто така ќе настапува во Македонија, но во дресот на Бутел Скопје.
Двајцата браќа ги имаат минато сите младински категории на Грузија, а одличните настапи му овозможија и повик во сениорската репрезентација на земјата од Кавказот.