Прволигашот Македонија Ѓорче Петров во новата сезона повторно ќе има амбиции да се замеша во борбата за елитата, па така раководството на тимот започна со комплетирањето на ростерот.
Во редовите на „лавовите“ пристигнува талентираниот Бобан Петров, кој последниот клупски ангажман го имаше во Борец ФЛ, а зад себе има и интернационално искуство.
Велешанецот пред враќањето во Македонија го брусеше талентот во Германија, настапувајќи за Хојерсверда, Котбус и младинскиот тим на европскиот гигант Кил.
Средниот бек првите чекори ги направи во школата на Велес 2009, а неговиот татко, Каме Петров, беше дел од шампионската генерација на Борец.