Ројевиќ: Амбициите на Охрид се да победува против најсилните домашни екипи

121

Суперлигашот Охрид во новата натпреварувачка сезона ќе има променет состав, но и повисоки аспирации од претходната, во која го освои 4-то место.

Охрид освен промените во играчкиот ростер, направи промени и во стручниот штаб, па така предводник на „гладијаторите“ ќе биде Србинот, Борис Ројевиќ.

Поранешниот селектор на Србија истакна дека е задоволен од досегашниот дел и работата на тимот во подготвителниот период.

„Јас навистина сум презадоволен од почетокот, како работат момците, од залагањето, од односот на сите во клубот и имам само зборови на благодарност. Фокусот е на нас. Имаме нова екипа ќе ни треба малку повеќе време да се воиграме, но ќе гледаме што побрзо да влеземе во форма и што порано да даваме добри партии. Нашите реални амбиции се да дадеме максимум за да бидеме што подобри. Ова е нова екипа, уште не сме одиграле натпревар за да видиме каков квалитет поседуваме и до каде сме. Сигурно дека ни треба време да видиме до каде сме, сигурно е дека наши амбиции се ГРК Охрид да почне да победува против најсилните екипи во Македонија”, изјави Ројевиќ.

Охрид ќе биде активен и на европска сцена, односно во Европскиот Куп.

Охриѓани настапот во Европа ќе го започнат од 2. коло, а ривал е тимот на Кур од Азербејџан.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT