Ѓорѓиоски со камбек во Гостивар, ТФТ го врати Сапунџиев

401
  • Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Мартин Ѓорѓиоски, се врати во старото јато, односно во својот матичен клуб Гостивар. Ѓорѓиоски во родниот град се враќа по настапите за Феникс и во Гостивар е петтото засилување за претстојната натпреварувачка сезона. Младиот кошаркар може да ги покрие позициите крило и крилен центар. Гостивар претходно се засили со Дарко Соколов, Младен Грушановиќ, Крис Сили и Ксавиер Роудс. Лука Серафимоски, големата надеж на кошарката во Гостивар, потпиша прв сениорски договор. Како што е познато, нов тренер на екипата ќе биде Љупчо Малинков.
  • Поранешниот Куп освојувач на Македонија, ТФТ, го врати во своите редови 29-годишниот Иван Сапунџиев, кој во последните две сезони беше дел од Пелистер. Крилниот играч за тимот од Тафталиџе настапуваше во периодот од 2020 до 2022 година и токму при неговиот претстој во ТФТ беше освоен и трофејот во Купот на Македонија. ТФТ до овој момент како нови засилувања, освен Сапунџиев, ги има уште Мехи Лонг, Џејлен Гафни, Џеј Гринли и младинскиот репрезентативец на Македонија, Тома Стојановски.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе