Денеска во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона во Првата лига. Во првото коло нема да има големо дерби, но се очекува да има интересни пресметки. Актуелниот бранител на титулата, тимот на МЗТ Скопје, во првото коло ќе се соочи со повратникот во елитата- Шкупи, додека вицешампионот Пелистер ќе гостува во Кавадарци кај Тиквеш.

Во првото коло ќе има уште една скопска пресметка, ќе се судрат Работнички и Феникс. Овој натпревар се очекува да биде најинтересен на стартот од сезоната. Дебитантот Куманово својот прв натпревар ќе го одигра на гостински терен кај поранешниот Куп освојувач на Македонија, ТФТ. Гостивар, кој осетно се засили за новата сезона, за прв ривал го има Вардар.

Стартот на домашниот шампионат е закажан за 5/6 октомври. Претходно, на 28 или 29 септември, екипите на МЗТ Скопје и Пелистер ќе се борат за трофејот во Супер Купот.
Прва лига, 2024/25, прво коло:
Тиквеш – Пелистер
Вардар – Гостивар
Работнички – Феникс
ТФТ – Куманово
МЗТ Скопје – Шкупи
Чаир – Кожув