Градот Ресен доби нов ракометен клуб, кој ќе се натпреварува под името ГРК Преспа, пренесува спортскиот портал ГОЛ.МК
Клубот е резултат на спојувањето на РК Преспа Вардар и Младост Ресен, екипи кои во изминатите години изградија и афирмираа многу млади ракометари.
Дел од новата управа се Александар Крстевски, Николче Даскаловски, Никола Ставревски, Дејан Петровиќ и Дане Ѓоргиевски.
Ресен има богата ракометна традиција. Токму од овој град потекнува и првиот македонски клуб кој играл во групна фаза на Лигата на шампионите – Преспа Јафа Промет.
Во сезоната 1997/98, ресенчани успеаја да ги минат квалификациите и да станат дел од европската елита, а претхоната сезона, 1996/97, беа шампиони на Македонија.
🎥Ретро ракомет: Одбраната на Зенга и големото славје на Преспа Јафа Промет против Лемго