Женската кадетска репрезентација на Македонија на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Истанбул групната фаза ја заврши без победа.
Иако нашите кадетки ќе се борат за пласман од 17 до 19 место, една од најталентираните кошаркарки во редовите на нашата репрезентација, Јана Пислевска, се најде меѓу номинираните кошаркарки за МВП на првенството – признание кое само по себе говори за нејзините квалитети.
Пислевска на четири одиграни натпревари постигна 36 поени – против Литванија имаше 11, по 10 против Грција и Бугарија, додека против Украина четири.
За Пислевска може да гласате на линкот во продолжение…