Кадетскиот репрезентативец Угреновиќ тргна со медал во новиот предизвик

121

Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Андреја Угреновиќ, кој од оваа сезона настапува за Ерланген, заедно со неговиот тим го освоија среброто на силниот турнир „Sauerland-Cup“во Германија.

Угреновиќ со кадетскиот тим на Ерланген иако не започнаа најдобро, сепак, од натпревар во натпревар се подобруваа, па така до финалето стигнаа со победата над силниот Хановер.

Во четвртфиналето беа подобри од Баер Дормаген, а претходно, во главната фаза, триумфираа против Менден и Хабенхаузен, додека на стартот беа поразени од Бремен и Бон, а триумфираа против Нетелштет, што им овозможи пласман во следната фаза.

Во финалето, тимот на Ерланген беше поразен од Гумерзбах, а за Угреновиќ ова беше големо искуство и потврда за неговиот талент на меѓународната сцена, кое ќе му даде дополнителна самодоверба за понатамошниот развој во кариерата.

Стружанецот во јули заедно со кадетската репрезентација на Македонија настапи на ЕМОФ во Скопје.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT