Овој викенд ќе се крене завесата за новата сезона во машката кадетска лига, местото каде што се раѓаат идните ѕвезди на македонскиот ракомет.
Во новата натпреварувачка сезона ќе се натпреваруваат 16 екипи, поделени во две групи, а актуелен бранител на титулата кај кадетите е Еурофарм Пелистер.
Група А: Мулти Есенс, Вардар, Младост Богданци, Радовиш, Еурофарм Пелистер 2, Илинден Вардар, Овче Поле, Текстилец
Група Б: Еурофарм Пелистер, Македонија Ѓорче Петров, Преспа, Струга, Алкалоид, Прилеп, Охрид, Пролет.
Од суперлигашите, кадетски тим нема Бутел Скопје, Тиквеш и Куманово.
Кадетска машка лига, 1. коло, распоред:
Група А
13/09, 14:00, Текстилец – Вардар
14/09, 14:00, Мулти Есенс – Илинден Вардар
14/09, 14:00, Еурофарм Пелистер 2 – Младост
14/09, 19:00, Овче Поле – Радовиш
Група Б
13/09, 12:00, Еурофарм Пелистер – Алкалоид
13/09, 16:00, Прилеп – Македонија Ѓорче Петров
13/09, 17:00, Преспа – Пролет
14/09, 14:00, Охрид – Струга
По завршувањето на регуларниот дел, во кој ќе се игра во еднокружен бод систем, првите четири екипи од двете група ќе се борат за пласман на Ф4 турнирот, кој ќе се игра на 9/10 мај. Полуфиналните дуели се закажани за 18/19 април и 24/25 април 2026 година.
Натпреварите од младинската и пионерската лига стартуваат на 20/21 септември.
Младинската лига ќе брои 10 екипи – четири суперлигаши без младински тим!