Ракометна иднина на сцена: Викендов почнува пионерската лига

Охрид ќе ја брани титулата во конкуренција на уште 17 тимови во пионерската машка лига. Најмладите генерации се иднината на македонскиот ракомет, а токму пионерската лига претставува вистинска сцена за нивниот развој, афирмација и создавање на идни ѕвезди.

107

Овој викенд ќе започне новата сезона во пионерската машка лига, а актуелен бранител на титулата е тимот на Охрид, кој на Ф4 турнирот во минатата сезона славеше над Еурофарм Пелистер 2, додека третото место го освои Вардар.

Во новата сезона ќе учествуваат 18 екипи поделени во две групи. По завршувањето на регуларниот дел, во кој ќе се игра по еднокружен бод систем, првите четири екипи од двете групи обезбедуваат пласман во четвртфиналето.

Борбата за Ф4 ќе биде на 2/3, односно 9/10 мај, додека завршниот турнир на 16/17 мај.

Група А: Прилеп, Пролет, Мулти Есенс, Бутел Скопје, Охрид, РШ Динг, Струга, Еурофарм Пелистер и Вардар.

Група Б: Куманово, Македонија Ѓорче Петров, Шампион, Радовиш, Гемиџии, Тиквеш, Алкалоид, Еурофарм Пелистер 2 и Младост Богданци.

Група А, 
1. коло, распоред:

20/09, 12:00, Пролет – Бутел Скопје
20/09, 15:00, Струга – Вардар
20/09, 16:00, Прилеп – Мулти Есенс
21/09, 11:30, Охрид – РШ Динг
Еурофарм Пелистер слоб.

Група Б
1. коло, распоред:

20/09, 11:00, Радовиш – Тиквеш
21/09, 14:30, Еурофарм Пелистер 2 – Младост Богданци
21/09, 16:00, Куманово – Гемиџии
21/09, 17:30, Македонија Ѓорче Петров – Шампион
Алкалоид слоб.

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT