Шампионот го наградува талентот: Тео Спировски потпиша професионален договор

45

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер продолжува да ја гради иднината на клубот преку своите најталентирани млади ракометари. Тео Спировски, дел од шампионската кадетска генерација, сега го доби својот прв професионален договор на четири години.

Спировски е лев бек кој минатата сезона беше дел од шампионската кадетска генерација на Еурофарм Пелистер, како и од тимот кој настапуваше на младинскиот Ф4 во Лигата на шампионите.

„Продолжува трендот на потпишување договори со најталентираните играчи од нашите младински школи. Тео Спировски е уште еден доказ дека младите играчи имаат простор и поддршка да го развијат својот потенцијал во матичниот клуб“, стои во објавата на клубот.

Тео е дел од новата генерација на битолски ракометари кои веруваат во клубот и сакаат дома да го градат својот спортски пат.

Младиот талент е син на поранешниот македонски репрезентативец Ненад Спировски.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT