Кадетите со пораз на првата проверка

203

Машката кадетска репрезентација на Македонија го одигра првиот натпревар против домашни екипи, како дел од новата програма за унапредување и развој на младинскиот ракомет во нашата земја.

Составот предводен од селекторот Горан Кузманоски и неговиот помошник Митко Стоилов загуби од комбинираниот состав со играчи од Алкалоид и Мулти Есенс со 34:30 (14:15).

Резултатот беше во втор план, а селекторот Кузманоски ја искористи можноста да ја провери моменталната подготвеност на дел од репрезентативците.

Најефикасен во тимот предводен од тренерот Филип Глигоров и неговиот помошник Елена Златановска беше Стефан Ѓорѓиески со девет погодоци, шест постигна Ангел Кленковски, пет додаде Тома Симоновски, а по четири реализации имаа Дамјан Богоевски и Стефан Матески.

Во репрезентативниот табор се истакнаа двајцата играчи на Мулти Есенс – Бобан Поповски и Стефан Ѓорѓиевски со по пет погодоци.

Покрај натпреварите против домашни екипи, кадетите ќе учествуваат на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“, во Романија, а потоа ги очекуваат квалификациите за пласман на Европското кадетско првенство 2026.

Македонија за ривали ги има репрезентациите на Луксембург, Финска и Грција, а домаќин на квалификациските натпревари ќе биде Луксембург.

На 31 октомври Македонија игра против Финска, на 1 ноември против Грција, додека во последното коло од квалификациската група Д ќе се сретне со домаќинот.

По квалификациите, кадетската репрезентација ќе продолжи со тест натпреварите против домашни екипи.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT