Ги одби Барса и Веспрем: Големата надеж на Шведска ќе игра во Бундес лигата

166

Според пишувањата на „Билд“, еден од најголемите ракометни таленти во светот, Никола Рогановиќ, наредната сезона ќе настапува во Бундес лигата, поточно во Гумерсбах.

Левиот бек, кој веќе дебитираше за сениорската репрезентација на Шведска, беше на мета на повеќе клубови по блескавите партии на Европското кадетско првенство 2024, каде што беше избран за најкорисен играч (МВП) и ја предводеше Шведска до златниот медал.

Според пишувањата на медиумите, интерес за Рогановиќ покажале од каталонскиот гигант Барселона, но и од Веспрем и Гумерсбах, а тој одлучил да ја прифати токму понудата од бундеслигашот.

Синот на легендата на црногорскиот ракомет и поранешен селектор, Зоран Рогановиќ, моментално настапува за Малме, а во бундеслигашот треба да биде замена за Јулијан Костер, кој од следната сезона ќе игра за Кил.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT