Екипата на Јехона од Гостивар за првпат оваа сезона пријави тим на сениорско ниво во женската конкуренција.
Иако тренерот Фари Селмани располага со млад состав во Првата лига, ракометарките покажуваат дека имаат квалитет, а една од оние кои се издвојуваат е Сара Премческа.
Таа на натпреварот од 3. коло против Деспина постигна атрактивен погодок, по истекот на првото полувреме, преку живиот ѕид испрати прецизен удар во гостинската мрежа.
Погледнете…