Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет на гостувањето во Гостивар кај Јехона дојдоа до трета сезонска победа триумфираа со 33:11 во натпревар од 4. коло од Првата лига.
Избраничките на Илија Бетувски победата ја обезбедија уште во првиот дел, кој го добија со 11:4, а младиот тим на Јехона успеа во вторите 30 минути да постигне повеќе гола од првиот дел.
Најефикасна во победничката екипа беше Елена Вучевска со девет погодоци, пет постигна Анастасија Сентовска, по четири имаа Наталија Манева, Јана Ристовска и Јована Ангеловска.
Кај Јехона, прв стрелец беше Сара Премческа, која зад своето име запиша четири погодоци.
Прва женска лига, 4. коло, резултати:
Јехона – Овче Поле Славјански Универзитет 11:33 (4:11)
Стружанка – Атлетик 20:37 (11:20)
Деспина – Ѓорче Петров 25:28 (11:15)
Шампион слободен