Младинската екипа на Тиквеш, предводена од Мики Лазов, на свој терен славеше над Еурофарм Пелистер со 43:38 и ја запиша втората победа во новата натпреварувачка сезона.
Кавадарчани речиси во текот на целиот натпревар беа во водство, нерешено беше само во воведните минути, додека остатокот од средбата мина во знакот на домашниот тим.
Мики Лазов натпреварот го заврши со 15 погодоци, девет додаде Матеј Петрески, додека кај битолчани Андреј Георгиев повторно одигра одличен меч со 14 погодоци, а неговиот соиграч Јован Симоновски постигна девет.
Младинска машка лига, 4. коло, резултати:
Куманово – Мулти Есенс 23:33 (12:14)
Вардар Неготино – Еурофарм Пелистер 2 19:53 (9:27)
Вардар – Бутел Скопје 20:25 (8:13)
Пролет – Алкалоид 23:34 (13:19)
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 43:38 (23:16)
Младинскиот шампион победнички во Куманово, Еурофарм Пелистер 2 броеше до 53 против Вардар Неготино