Јовановски прв стрелец во младинската лига – во ТОП 5 се и Лазов, Петрески, Фехми и Каевски

225

Со натпреварот меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер беше комплетирано четвртото коло во младинската машка лига, а по четири одиграни натпревари, членот на Вардар Неготино, Јован Јовановски, ја предводи листата на стрелците.

Јовановски на четири одиграни натпревари постигна 44 погодоци, што е повеќе од половината од вкупниот број голови на неговата екипа (83), во просек постигнува по 11 погодоци на натпревар.

Веднаш зад него се наоѓаат двајцата членови на Тиквеш, Мики Лазов со 41 и Матеј Петрески со 30 погодоци. Во Топ 5 стрелците се наоѓа и Алдин Фехми од Еурофарм Пелистер 2 со 28 погодоци, додека Марко Каевски од Бутел Скопје има два помалку, односно 26. Андреј Дамчевски од Еурофарм Пелистер 2 е на 6. позиција на листата со 25 погодоци.

Горазд Дамчевски (Пролет), Лука Јовиќ (Пролет), Огнен Тасевски (Вардар) и Андреј Георгиев (Еурофарм Пелистер) имаат по 24 погодоци, а во групата ракометари со најмалку 20 постигнати погодоци се и Мартин Иванов и Тино Стојановски од Куманово, како и Јован Симоновски од Еурофарм Пелистер.

По четири одиграни кола, Еурофарм Пелистер 2 и Мулти Есенс, кој е актуелен бранител на титулата, имаат четири од четири, додека пет екипи на свое конто имаат по две победи и два порази.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT