Ракометарите на Мулти Есенс во натпревар од 6. коло од Првата лига немаа никакви проблеми против Преспа и пред својата публика славеа убедлива победа од 44:24 (20:13).
За Мулти Есенс ова беше петта победа сезонава, а во следното коло избраниците на Миле Бочкароски ќе гостуваат кај Младост Богданци, а двете екипи заедно со Драчево Јуниор засега немаат загубено натпревар.
Најефикасен во победничкиот состав беше Филип Симоноски со девет погодоци, по осум постигнаа Дарјан Ѓокески и Христијан Гурмешевиќ, додека по седум запишаа Јаков Трајковски и Марко Ковачевиќ.
Кај тимот од Ресен повторно одлична партија одигра Христијан Ристевски, кој постигна 12 погодоци,сите од игра.
Следното, 7. коло е на програмата наредниот викенд поради ЕХФ неделата.