По разделбата со Манасков, Вардар Неготино го ангажираше Игор Котевски

266

По изненадувачкиот пораз на Вардар Неготино во Штип од Текстилец, раководството на клубот и Пепи Манасков, кој беше ангажиран пред стартот на сезоната, одлучија да се разделат, а според информациите на „Спортска Димензија“, нов тренер на неготинци ќе биде Игор Котевски.

Поранешниот репрезентативец добро ги познава поголемиот дел од играчите на прволигашот, бидејќи во сезона 2023/24 го предводеше Вардар Неготино во суперлигашката конкуренција.

Во својата тренерска кариера беше на клупата и на Радовиш, Јуниор КВ, Куманово, Голден Арт, Металург, Бутел Скопје…

Вардар Неготино покрај киксот во Штип, беше поразен и на гостувањето кај Младост Богданци, па неготинци со шест бода моментално се наоѓаат на четвртата позиција на табелата.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT