ЛШ: Манасков во ТОП 10 стрелци, Кузмановски меѓу најдобрите асистенти, Митревски со солидна статистика

203

По пет одиграни кола во Лигата на шампионите, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, и покрај тоа што има освоено само два бода, покажа дека може рамноправно да се носи со најдобрите европски екипи.

Неколкумина играчи на Еурофарм Пелистер се наоѓаат на индивидуалните листи на најдобрите во различни категории.

Десното крило Дејан Манасков, кој оваа сезона игра во одлична форма и потсетува на своите најдобри денови, моментално се наоѓа на седмата позиција на листата на стрелците со 37 погодоци од 45 обиди, што претставува 82,2% успешност. Водечката позиција ја држи Данецот Матијас Гидсел од Фуксе Берлин со 50 погодоци од 69 обиди.

Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, е меѓу најдобрите асистенти, на пет натпревари тој има 19 успешни асистенции кон своите соиграчи.

Голманот Никола Митревски во претходното коло против силната Барселона имаше одлично издание. Популарниот Никуч се наоѓа меѓу најдобрите десет голмани во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Дејан Манасков, исто така, се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи на седмерци, има реализирано 18 од 22.

Еурофарм Пелистер во следното 6. коло ќе гостува во Германија кај актуелниот бранител на титулата, тимот на Магдебург.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT