Гол шоу на браќата Ѓорѓиеви во пионерската лига – постигнаа вкупно 24 гола против велешани!

84

На денешните натпревари од пионерската лига од 5. коло најинтересно беше во Радовиш, каде што домаќините со голот на Давид Ѓорѓиев седум секунди пред крајот не дозволија новакот Гемиџии да си замине со победа, натпреварот заврши без победник, 26:26.

Радовиш со освоениот бод стигна до три бода на своето конто, додека клубот од Велес го запиша првиот бод во дебитанската сезона.

Свое шоу на теренот имаа Давид и Ѓорѓи Ѓорѓиеви, кои двајцата постигнаа по 12 погодоци, а кај Гемиџии се истакнаа Бојан Мартинов со осум и Андреј Наумов со седум погодоци.

Бранителот на титулата, Охрид, на свој терен славеше против Мулти Есенс со 18:16 (9:8). Предводник во домашниот табор беше Илија Трајчевски со десет погодоци, додека кај тимот од Автокоманда најефикасен беше Христијан Ангеловски со пет реализации.

Охриѓани со новата победа остануваат на лидерското место во групата А, и сосема е извесно дека ќе играат за пласман на Ф4 турнирот во пионерската конкуренција.

Алкалоид на свој терен ја продолжи победничката серија и засега останува без загубен бод. Домашниот тим славеше против Куманово со седум гола разлика, 22:15 (11:7). Во победничката екипа имаше повеќе ракометари расположени за игра, а најефикасни со по четири погодоци беа Петар Митев, Иван Великов, Мартин Грашески и Калин Краљевски. Во поразениот тим најефикасен беше Михаел Милановски со шест погодоци.

Пионерска машка лига, 5. коло, резултати:

Група А
Вардар – Бутел Скопје 29:9 (15:3)
Струга – Прилеп 21:19 (12:8)
Охрид – Мулти Есенс 18:16 (9:8)
19/10, 12:00, Еурофарм Пелистер – Динг
Пролет – слоб.

Група Б
Младост Богданци – Тиквеш 19:23 (11:12)
Радовиш – Гемиџии 26:26 (9:12)
Алкалоид – Куманово 22:15 (11:7)
19/10, 12:30, Еурофарм Пелистер 2 – Македонија Ѓорче Петров
Шампион слоб.

 

 

Почна новото коло кај пионерите: Ѓорѓиев со 13 гола го предводеше Тиквеш до победа во Богданци

 

 

 

Пионерите на Струга со четврта победа во низа

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT