Денеска, со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Македонија Ѓорче Петров, беше комплетирано 5. коло во пионерската машка лига.
Избраниците на Кире Поповски и Игор Николовски славеа со десет гола разлика (27:17), а до победата дојдоа со одлична игра во вториот дел, откако на полувреме губеа со 12:8.
Предводник во победата на домаќините беше Матеј Мачковски со шест погодоци, пет постигна Андреј Китески, а четири додаде Дамјан Ристевски. Прво име во гостинскиот табор беше Јаков Атанасовски со девет погодоци.
Еурофарм Пелистер 2 сега има максимални пет победи од исто толку натпревари, а во следното коло нова победа ќе бара на гостувањето кај Радовиш.
Пионерите на Динг на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер триумфираа со 17:14 и се радуваа на првото сезонско славје.
Во победничкиот тим се истакна Горазд Ојлески со седум погодоци, додека кај домаќините најдобри стрелци беа Тео Шатков, Огнен Никодиновски и Дамјан Шоповски.
Пионерска машка лига, 5. коло, резултати:
Група А
Вардар – Бутел Скопје 29:9 (15:3)
Струга – Прилеп 21:19 (12:8)
Охрид – Мулти Есенс 18:16 (9:8)
Еурофарм Пелистер – Динг 14:17 (7:8)
Пролет – слоб.
Група Б
Младост Богданци – Тиквеш 19:23 (11:12)
Радовиш – Гемиџии 26:26 (9:12)
Алкалоид – Куманово 22:15 (11:7)
Еурофарм Пелистер 2 – Македонија Ѓорче Петров 27:17 (8:12)
Шампион слоб.
Гол шоу на браќата Ѓорѓиеви во пионерската лига – постигнаа вкупно 24 гола против велешани!
Почна новото коло кај пионерите: Ѓорѓиев со 13 гола го предводеше Тиквеш до победа во Богданци