Драма кај кадетите: Тодороски со гол во последните секунди му донесе голем бод на Прилеп

76

Екипите на Охрид и Прилеп одиграа возбудлив натпревар од 6. коло од кадетската лига, а драмата покрај езерото заврши без победник, 32:32.

Прилепчани во досегашниот тек од сезоната забележаа три победи, едно реми и два порази. Охриѓани имаат две победи, три порази и денешното реми.

Во натпревар во кој гостите започнаа подобро, но домаќините заминаа на пауза со плус еден (15:14), членот на Прилеп, Божидар Тодороски, со гол во последната секунда му донесе голем бод на гостинскиот тим.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Христијан Софкоски со девет погодоци. Кај Прилеп, најефикасни беа Марио Столески и Бојан Стојкоски со по осум погодоци, а по шест додадоа Божидар Тодороски и Андреј Бошковски.

 

 

Кадетска машка лига, 6. коло, резултати:

Група А
Радовиш – Илинден Вардар 18:38 (9:19)
26/10, 12:00, Мулти Есенс – Вардар
27/10, 17:30, Еурофарм Пелистер 2 – Текстилец
27/10, 18:00, Овче Поле – Младост

Група Б
Пролет – Алкалоид 39:27
Охрид – Прилеп 32:32 (15:14)
26/10, 12:00, Преспа – Струга
26/10, 12:00, Еурофарм Пелистер – Македонија Ѓорче Петров

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT