Салиу даде 14 гола, Јехона им се врати на победите во Првата лига

72

Екипата на Јехона им се врати на победите во прволигашката конкуренција, откако на свој терен славеше над Кичево со 35:24 (20:13).

Јехона сега има четири победи, односно осум бода, додека Кичево останува на дното на табелата без освоен бод.

Домаќините немаа никакви проблеми да стигнат до убедливиот триумф, а во победата на Јехона се истакна Адис Салиу, кој постигна 14 погодоци, по пет имаа Бојан Давидоски, Михајло Живкоски и Новица Михајлоски.

Во тимот на Кичево, Славко Бошковиќ и Петар Стерјоски беа најефикасни со по шест погодоци, еден помалку (5) имаше Александар Зафироски.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT