Екипата на Тиквеш освои важни бодови на свој терен, славеше над еден од ривалите за пласман во плеј-офот, тимот на Прилеп, со 24:21 во натпревар од 9. коло од Супер лигата.
Прилепчани одржуваа чекор до средината на првиот дел, но потоа избраниците на Грчевски започнаа да создаваат залиха и на полувреме заминаа со предност од 14:11.
Во вториот дел, гостите ниту во еден момент не успеаја да израмнат, намалија само на минус два, но не можеа ништо повеќе да направат.
Тиквеш рутински ја одржа предноста и стигна до нови бодови кои можат да бидат клучни во борбата за ТОП 6.
Најефикасен во победничката екипа беше Богдан Мијушковиќ со пет погодоци, по четири запишаа Балша Чејовиќ и Мартин Димовски. Најрасположен кај Прилеп беше Димитар Димитриоски со осум погодоци од исто толку обиди.
Супер машка лига, 9. коло, резултати:
Охрид – Куманово 37:17 (18:6)
Вардар – Бутел 36:30 (19:18)
Еурофарм Пелистер – Радовиш 42:27 (22:11)
Струга – Пролет 29:38 (12:19)
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 2 37:25 (20:11)
Тиквеш – Прилеп 24:21 (14:11)
ТАБЕЛА
