Костадиновски: Се надевам на перфектна сезона и враќање на суперлигашкиот ракомет во Богданци

251

Ракометарите на Младост пред преполната сала „Млаз“ во Богданци славеа во прволигашкото дерби против Мулти Есенс со 31:30 и ја запишаа шестата победа во новата сезона.

Тимот од Богданци сега е единствениот меѓу прволигашите кој нема загубено ниту бод, а со денешната победа се искачи на лидерското место на табелата.

Младост има 12 бода, исто колку и младиот тим од Автокоманда, но избраниците на Горан Андоновски имаат натпревар помалку.

На денешниот дерби меч, фокусиран и присебен во клучните моменти беше голманот Кристијан Костадиновски, кој со неколку одлични интервенции во финишот му даде ветер во грб на своите соиграчи и беше меѓу најзаслужните за победата.

Младиот голман во изјава за Спортска Димензија вели дека за победата пресудно било искуството на неговиот тим и очекува перфектна сезона, односно враќање на Младост во најквалитетното домашно натпреварување.

„Во вакви натпревари решава искуството, тоа го знаевме уште пред натпреварот. Гостите трчаа, играат брз ракомет, тоа и го очекувавме. Не беше лесен натпревар, сакам да им честитам и на противничката екипа за борбеноста што ја покажа. Ние одиме чекор по чекор, има уште многу да се игра, но сега сè е во наши раце. Се надеваме на перфектна сезона и Богданци повторно да гледа суперлигашки натпревари.“

Младост во следното коло за ривал ја има Јехона од Гостивар.

 

Младост го доби прволигашкото дерби против Мулти Есенс и останува на максимум

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT