Еден од најдобрите ракометари во историјата, Микел Хансен, се појави со сосема нов изглед – целосно избричена глава.
38-годишниот Хансен со овој чекор сакаше да ја изрази својата поддршка за лицата кои се борат со рак и да придонесе во кампањата за подигање на свеста за болеста, токму во октомври, месецот за борба на оваа болест, која ја имал и таткото на Хансен.
Данецот вели дека сака да биде пример за другите и да покаже дека мал гест може да има големо значење.
„Ова е начин да покажам солидарност и почит кон сите што поминуваат низ тежок период. Ако мојот гест може да донесе барем малку позитивна енергија… тогаш вреди“, изјави Хансен за данската ТВ2.