Драмата во Кавадарци со среќен крај за домаќинот

360

Ракометарите на Тиквеш ја забележаа четвртата победа по ред, откако пред својата публика славеа над Бутел Скопје со 25:24 (14:13).

Кавадарчани сега на своето конто имаат 12 бода, со што го престигнаа скопскиот тим на табелата и по 11 одиграни кола се позиционирани на петтото место.

Бутел можеше да си замине со бод, но Димитар Узунчев не реализираше од седмерец, го промаши голот на домаќините, по што следуваше голема радост на домашната клупа.

На денешниот натпревар во спортската сала „Јасмин“ солидно издание имаше младиот голман на Тиквеш, Благој Панов, кој мечот го заврши со девет интервенции.

Димитар Коцев беше најефикасен во победничкиот табор со осум погодоци, а шест постигна Мартин Димовски. Во тимот на Горан Кузманоски се истакна Дамјан Субашевски со пет погодоци, додека Димитар Узунчев, Димитар Ѓоргиевски и Дејан Михајловиќ завршија со по четири погодоци.

 

Пред овој натпревар, вицепрвакот Вардар славеше над Алкалоид со 34:28 и остана на максимум.
Супер машка лига, 11. коло, резултати:
Еурофарм Пелистер – Куманово 45:20 (22:8)
Струга – Еурофарм Пелистер 2 22:26 (11:12)
Радовиш – Прилеп 24:29 (14:18)
Охрид – Пролет 30:20 (13:11)
Вардар – Алкалоид 34:28 (17:17)
Тиквеш – Бутел 25:24 (14:13)

ТАБЕЛА

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT