Денеска токму со натпреварот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Прилеп заврши есенскиот дел од сезоната во кадетската машка лига.
Младите ,,лавови” дојдоа до триумф од 28:21 (14:10), а натпреварот донесе и една извонредна статистичка потврда за талентот Никола Кузевски.
Бекот на Македонија Ѓорче Петров по осум натпревари стигна до вкупно 100 гола – бројка што сама по себе зборува за неговата доминација.
Кузевски беше константно на висина на задачата, без разлика кој ривал го имаше спроти себе. Секој натпревар го завршуваше со одличен учинок, а есенскиот дел го заокружи со просек од 12,5 гола по натпревар.
И на денешниот натпревар против прилепчани одигра одлично и со 15 погодоци беше најзаслужен за третата победа на својот тим.