Овче Поле Славјански Универзитет даде 46 гола во Скопје

419

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет одигра како на тренинг на гостувањето во Скопје кај младиот тим на Шампион.

Тимот од Свети Николе триумфираше со 46:12, а во убедливиот триумф беше предводен од Анастасија Сентовска и Наталија Манева.

Сентовска натпреварот го заврши со 13 погодоци, додека Манева имаше десет успешни реализации во мрежата на домаќинот.

За Овче Поле Славјански Универзитет ова беше 6-та сезонска победа. Избраничките на Бетувски во следното коло ќе играат против Јехона на домашен терен.

Прва женска лига, 10. коло, резултати:
Шампион – Овче Поле Славјански Универзитет 12:46 (5:28)
Деспина – Јехона 25:11 (11:4)
Ѓорче Петров 2 – Атлетик 20:28 (10:12)

ТАБЕЛА

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT