Пролет славеше во младинското дерби против битолчани

141

Во натпревар од 10. коло од младинската лига, тимот на Пролет одигра одличен меч против лидерот Еурофарм Пелистер 2 и му го нанесе првиот пораз на битолчани, триумфирајќи со 33:32.

Во најголемиот дел од натпреварот домаќинот беше во предност, но без голема комоција во играта, па победникот беше решен во последните две минути. Гостите од Битола не се предаваа и од минус четири, 31:27, успеаја да израмнат на две минути пред крајот, 31:31.

Во клучните моменти, средниот бек Давор Крстески реализираше за 32:31, по што следуваше тајм-аут на Еурофарм Пелистер 2. Битолчани потоа направија грешка, Лука Јовиќ истрча контра и погоди на празен гол, па славјето на домашната клупа можеше да започне.

Најефикасен во победничкиот табор беше левиот бек Марко Ѓорчески со десет погодоци, осум постигна Димитар Симовски, четири додаде Давор Крстески, додека по три пати погодија Лука Јовиќ и Бојан Црцаревски. Кај Еурофарм Пелистер 2, Андреј Дамчевски беше прв стрелец со шест погодоци, а по пет имаа Стефан Лазаревски, Алдин Фехми и Лука Ѓоргиевски

Младинска машка лига, 10. коло, резултати:
Пролет – Еурофарм Пелистер 2 33:32 (14:13)
Тиквеш – Вардар Неготино 46:33 (21:11)
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 43:29 (18:12)
Мулти Есенс – Бутел 32:29 (14:13)
30/11, 17:00, Куманово – Вардар

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT