Младинците на Куманово во натпревар од 10. коло од младинската лига славеа пред својата публика против Вардар со 29:24 (15:14).
Куманово сега има пет победи и десет бода, додека Вардар во досегашниот тек од сезоната успеа да победи само еднаш.
Двете екипи се сретнаа и во првото коло, кога Куманово исто така беше подобро од црвено-црните со пет гола разлика, 30:25.
Во победничкиот тим четворица постигнаа по шест погодоци – Ангел Арсовски, Тино Стојановски, Владимир Мицевски и кадетскиот репрезентативец Христијан Вујичевски. Кај Вардар, најефикасен беше Николче Нечовски со пет погодоци.
Младинска машка лига, 10. коло, резултати:
Пролет – Еурофарм Пелистер 2 33:32 (14:13)
Тиквеш – Вардар Неготино 46:33 (21:11)
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 43:29 (18:12)
Мулти Есенс – Бутел 32:29 (14:13)
Куманово – Вардар 29:24 (15:14)
Наумов одличен, младиот Тиквеш доминираше против Вардар Неготино