Во натпревар од 12. коло од младинската машка лига, екипата на Еурофарм Пелистер 2 немаше поголеми проблеми на гостувањето кај Вардар и забележа убедлив триумф.
Младите битолчани славеа со 26:13 (13:6) и ја запишаа 11-та сезонска победа. Еурофарм Пелистер 2 во овој натпревар беше предводен од Алдин Фехми, кој постигна пет погодоци, додека Иван Велески и Лука Ѓоргиевски реализираа по четири пати.
Во редовите на Вардар, најефикасни беа Матеј Тасевски, Максим Тодоровски и Огнен Тасевски со по три реализации.
Битолскиот тим се наоѓа на првото место на табелата. Актуелниот шампион, Мулти Есенс, има ист број бодови со Еурофарм Пелистер 2 (22), но поради победата во првата меѓусебна пресметка од 31:29, младите битолчани моментално се наоѓаат на челната позиција.
Во следното, 13. коло, Еурофарм Пелистер 2 ќе го пречека Вардар Неготино, додека „црвено-црните“ ќе гостуваат кај Бутел.
Машка младинска лига, 12. коло, резултати:
Машка младинска лига, 12. коло, резултати:
Мулти Есенс – Алкалоид 36:25 (16:9)
Вардар – Еурофарм Пелистер 2 13:26 (6:13)
Куманово – Вардар Неготино 37:28 (22:12)
14/12, 12:00, Пролет – Еурофарм Пелистер
Тиквеш – Бутел Скопје
ТАБЕЛА
