Екипата на Стружанка направи изненадување во 12. коло од Првата лига, откако на свој терен славеше над Ѓорче Петров 2 со 30:28.
Иако гостинките во своите редови имаат и интернационалка, тоа не беше доволно за да си заминат победнички од Струга, па освоената победа за младиот домашен тим сигурно годи.
Клучна фигура во победата на Стружанка беше искусната голманка Марина Митоска, која беше во елемент кога најмногу требаше, во одлучувачките моменти од натпреварот.
Најефикасни во победничката екипа беа Еџе Сејадин и Маја Раткушиноска со по седум погодоци, а свој придонес дадоа и Тијана Переска и Теодора Маркоска, кои постигнаа по четири гпогодоци, како и Вања Маџовска и Марија Маркоска, двете имаа по три успешни реализации во мрежата на ривалот, а двапати погоди Бојана Билкова.
Кај гостинките, Кристина Наумовска беше најефикасна со пет погодоци, додека по четири постигнаа Теа Аврамоска и Мацире Цамара.
Прва лига, жени, 12. коло, резултати:
Стружанка – Ѓорче Петров 2 30:28 (13:15)
Деспина – Овче Поле Славјански Универзитет 20:21 (7:10)
Шампион – Атлетик 5:29 (2:15)
Јехона – слоб.
ТАБЕЛА
