Младиот Филип Мечкароски најдобар асистент во суперлигашкото друштво

132

По завршувањето на есенскиот дел во Супер лигата, екипата на Струга, која на пролет ќе се бори за опстанок, го има најдобриот асистент во најквалитетното домашно натпреварување.

Станува збор за младиот Филип Мечкароски, кој на 18 натпревари забележа дури 47 успешни асистенции кон своите соиграчи. Мечкароски не се истакнува само како одличен асистент, тој е и трет најдобар стрелец во редовите на Струга, со постигнати 58 погодоци.

По 29 асистенции имаат Давид Димевски (Куманово), Димитар Ѓеоргиевски (Бутел) и Петар Ферукоски (Струга), додека по 28 запишаа Мартин Серафимов (Алкалоид), Христијан Митревски (Еурофарм Пелистер 2) и Бобан Савески (Струга).

Игор Ѓорѓиев од Алкалоид го заврши есенскиот дел со 25 асистенции, а Димитар Узунчев од Бутел и Мартин Велковски од Алкалоид имаат по 24 асистенции, остварени на 18, односно 14 натпревари.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT