Славиќ беше нерешлива енигма – Македонија поразена од светскиот вицепрвак

106

Машката ракометна репрезентација на Македонија беше поразена од Хрватска со 26:23 (14:11) на пријателскиот натпревар во Пореч како дел од подготовките за Европското првенство 2026.

Најзаслужен за победата на светскиот вицепрвак, кој настапи речиси со втор состав, беше голманот Дино Славиќ, кој забележа дури 16 интервенции. Интересен е податокот што хрватскиот чувар на мрежата само пет пати бил на голот на „коцкестите“.

Најефикасен во нашиот табор беше капитенот Филип Кузмановски со седум гола, а по три имаа Иван Џонов и Мартин Серафимов. На голот, Никола Митревски имаше 12 одбрани, недоволни за барем нерешено на првиот тест меч пред континенталниот собир.

Македонија на Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска, во групната фаза ќе се соочи со репрезентациите на Данска, Португалија и Романија. Само двете најдобропласирани селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT