Сениорите ја продолжуваат мисијата ЕП, на собир и кадетите

123

По мини одморот, машката сениорска ракометна репрезентација се враќа на обврските – настапот на Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.

Селекторот Кирил Лазаров и неговите избраници денеска ќе го имаат првиот тренинг во новата 2026 година, а Македонија подготовките ги продолжува во комплетен состав.

Откако го пропушти првиот дел од подготовките поради клупски обврски, голманот Мартин Томовски им се приклучува на „црвено-жолтите“.

Во Скопје ќе се тренира неколку дена, а потоа Македонија заминува на турнир во швајцарскиот град Винтертур, каде што од 8 до 10 јануари ќе одигра пријателски натпревари со домаќинот Швајцарија, како и со селекциите на Украина и Бахреин.

По тест натпреварите, следува пат за Хернинг, каде што најверојатно ќе биде одигран уште еден пријателски дуел со дански клуб. Македонија на Европското првенство ќе настапи во група со Данска, Португалија и незгодната Романија.

Распоред на натпревари:
16 јануари, 20:30, Данска – Македонија
18 јануари, 18:00, Македонија – Португалија
20 јануари, 18:00, Македонија – Романија

Денеска ќе се соберат и кадетите, кои ќе одиграат два пријателски натпревари со Црна Гора. Селекторот Горан Кузманоски за овој собир повика 18 играчи. Исто како и Македонија, репрезентацијата на Црна Гора се пласираше на Европското кадетско првенство во Србија, па така избраниците на Кузманоски ќе имаат квалитетна проверка.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT