Поранешна членка на Кометал ЃП се враќа на терените следната сезона

242

Една од ракометарките со богато интернационално искуство и поранешна членка на Кометал Ѓорче Петров, Савица Мркиќ, одлучи оваа сезона целосно да направи пауза, а на ракометните терени ќе се врати следната сезона, потврди искусната ракометарка за Спортска Димензија.

Со оглед на своето искуство, несомнено е дека без поголеми проблеми ќе си пронајде нова средина. 34-годишната Мркиќ потекнува од Велес, а како голем талент настапуваше за Кометал Ѓорче Петров и Еуростандард Ѓорче Петров. Пред да започне интернационална кариера, две сезони го носеше дресот на Жито Прилеп, клуб со кој играше и во регионалната лига.

Во Европа беше дел од грчки Патрас, романски Мурешул, шпанска Малага, Бор од Србија, исландска Грота, а се испроба и во Германија, каде настапуваше за „популарниот“ Хановер.

Играше и во Италија, во екипите на Гереире, Понтинија и Ериче, имаше авантура и во Ангола, како и на Фарските Острови, а последниот клупски ангажман го имаше во Израел.

Во 2021 година беше прогласена за најдобра странска ракометарка во Италија. Во Супер лигата, пред да се пресели во Жито Прилеп, две сезони по ред беше меѓу најдобрите пет стрелци.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT