Поранешниот голман на Пелистер повторно бара предизвик надвор од татковината

521

Еден од странските голмани кои имаат искуство во нашата Супер лига, Харис Плех, кој во летото 2024 година се врати во својата татковина, односно во својот матичен клуб Горажде, во вториот дел од тековната сезона ќе има нов клуб.

Како што потврди Плех за Спортска Димензија, неговата цел е повторно да се врати на интернационалната сцена, а одлуката за новата средина ќе биде позната во наредниот период.

29-годишниот голман во сезона 2018/19 бранеше во Битола и на меѓународно ниво беше дел од неколку звучни клубови.

Во текот на својата кариера, Плех собираше искуство настапувајќи за АЕК Атина, Спортинг Хорта, Нава, Хелсинки, турскиот МИК Хендбол, како и израелскиот Хапоел Кирјат Оно.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT