Екипата на Прилеп, во отсуство на главниот тренер Наум Танески, денеска ги започна подготовките за вториот дел од сезоната, во која има реални шанси да избори пласман во плеј-офот.
Прилеп борбата за плеј-офоот ќе ја продолжи со две нови лица. Станува збор за Никола Шипинкоски од Охрид и за талентираниот Лука Ѓорѓиевски од Еурофарм Пелистер.
Шипинкоски и во вториот дел од минатата сезона настапуваше за Прилеп, по што се врати во матичниот клуб, а сега повторно ќе настапува под Марковите Кули.
Ѓорѓиевски две сезони по ред имаше добри настапи во младинските категории, а во првиот дел од тековната сезона постигна 64 погодоци на 13 одиграни натпревари во младинската лига. И двајцата во тимот на Танески остануваат најмалку до крајот на сезоната.
Во последните четири кола од регуларниот дел, тимот на Прилеп за ривали ги има Охрид, Тиквеш, Еурофарм Пелистер и Радовиш. И доколку не обезбеди пласман во ТОП 6, со квалитетниот ростер, предводен од најдобриот стрелец Димитар Димитриоски, без поголеми проблеми би минал низ плеј-аутот.