🎥Каков играч доби Вардар – брз, експлозивен, интелигентен, добар асистент…

553

Вардар потпиша долгогодишен договор со еден од најперспективните млади ракометари во својата генерација, Бобан Поповски, играч кој и покрај младата возраст зад себе веќе има богато искуство и индивидуални и екипни успеси.

Ресенчанецот, кој настапува за прволигашот Мулти Есенс, е кадетски и младински репрезентативец на Македонија.

Десното крило особено се истакна на квалификациите за кадетското европско првенство, каде беше најдобар стрелец, како и на ЕМОФ во Скопје, каде што исто така беше најдобар стрелец во редовите на „црвено-жолтите“

Поповски е изворедно брз, експлозивен и интелигентен играч, кој може да се снајде и како бек, но и како добар асистент, нешто што во тимската игра е многу важно.

Домашните ракометни љубители го знаат и по настапите во Првата лига, таму со својот актуелен клуб се во ТОП 3 екипи, а во тековната сезона на 11 одиграни натпревари постигна 68 погодоци во прволигашкото друштво.

 

 

 

 

 

Еден од најголемите македонски таленти потпиша за Вардар

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT