Тиквеш со едно ново лице стартуваше за вториот дел од сезоната

82

Тимот на Тиквеш, кој е на добар пат да обезбеди пласман во плеј-офот и напролет повторно да се бори за излез во Европа, вечерва ги стартуваше подготовките за вториот дел од тековната сезона.

На прозивката во спортската сала „Јасмин“ присуствуваше и новото засилување Стефан Јовевски од Пролет. Кружниот напаѓач во Кавадарци доаѓа како замена за Словенецот Јан Тајник.

Засега, Јовевски е единственото ново име во кавадаречкиот тим, а во наредниот период ќе се знае дали ќе има и други засилувања.

Во составот остануваат и тројцата интернационалци од Црна Гора, Василије Пецурица, Богдан Мијушковиќ и Балша Чејовиќ, кои на своите клупски колеги ќе им се приклучат за неколку дена.

Грчевски ќе може да смета и на капитенот Страхиња Симиќ, Томче Стојановски, Мартин Димовски, Димитар Коцев, како и на младите Мики Лазов, Матеј Петрески, Благој Панов…

Пред крајот на 2025, Јан Тајник го напушти клубот, по што беше прекината соработката и со Мохамед Ахмед и Гиорги Гришикашвили, како и со тројцата домашни играчи – Мартин Манасков, Петар Цветковски и Џулијано Христоски.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT