🎥Македонија на мегдан со Данска (ВО ЖИВО)

97

Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва против велесилата Данска ќе го стартува своето деветто учество на континенталните собири, осмо во низа.

Ждрепката посака Македонија да биде сместена во тешка група, па за ривали, освен домаќинот Данска, ги доби и селекциите на Португалија и незгодната Романија. Само двете најдобропласирани репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза.

Натпреварот на момците на Кирил Лазаров со силната Данска стартува во 20:30 часот, а можете да го проследите на МРТ 1 каналот, односно на овој ЛИНК, на Арена Спорт програмата, како и на ЕХФ ТВ каналот.

 

SPORT